Актуелниот предводник на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, доби нов договор.
На денешната седница на УО на РФМ, беше изгласан предлогот за Грчевски да остане на функцијата и во следните две години.
Прв предизвик во новиот мандат ќе му биде бараж двомечот за пласман на Мундијалот во 2025 година против селекцијата на Полска во април.
Тој ја презема селекцијата минатата година по неуспешниот обид со Љубомир Савевски да се обезбеди пласман на СП 2023 по бараж двомечот со Украина.
Успешно ги заврши квалификациите за ЕП 2024, а таму го освои 18 место по поразите од Шведска и Унгарија, односно ремито со Турција.