Најбогатиот клуб во Европа, ПСЖ, успеа во своите редови да го задржи левото крило Матеј Гребиј.
33-годишниот ракометар и раководството на ПСЖ се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до летото, 2026 година.
Повремениот репрезентативец на Франција во дресот на „светците“ настапува од сезона 2020/21, претходно беше дел од Монпелје.
Левото крило во минатата сезона го имаше најдобриот настап за ПСЖ во Лигата на шампионите постигнувајќи 45 гола.
Гребеј, кој може да одигра и како бек, минутажата ја дели со талентираниот Лео Плантин.
View this post on Instagram