Тимот на Униреа Слобозиа, каде што играат Ивана Арсениевска и Марија Тасевска, загуби во „мак-пресметката“ со Галаци, каде што игра Сања Дабевска.
Галаци победи во пресметката на гостински терен кај Униреа Слобозиа со 23-18, а меѓу најдобрите стрелци во домашниот тим беше Арсениевска.
Таа успеа да постигне пет погодоци од седум обиди и имаше највисок индекс на корисност од 10.25 во Униреа.
За поразениот тим Тасевска стрелаше еднаш, додека еден погодок даде и Дабевска во победничката екипа.
Во Втората лига на Романија, Галаци на Дабевска е прв со 30 бода и максимален биланс по десет кола, додека Униреа на Арсениевска и Тасевска е трета со 22 бода.