Репрезентацијата на Норвешка со победата над Германија од 32:27 си го завери пласманот во полуфиналето на Европското првенство 2024.
Актуелниот бранител на златото на континенталниот собир немаше поголеми проблеми да дојде до нова победа, која ја обезбеди со одличната игра во првиот дел.
Норвешка одигра фуризно во првите 30 минути, во кои сите ракометарки кои играа на теренот знаеа да го пронајдат патот до мрежата на ривалот и на пауза замина со предност од плус шест, 19:13.
Ниту во второто полувреме имаше неизвесност, избраничките на Торир Хергеирсон се опуштија во финишот и дозволија бундес-тимот да ја преполови негативата изборувајќи се за чесен пораз.
Во последното коло од групната фаза Норвешка за ривал ја има Швајцарија, додека Германија ќе игра со Словенија.