Партизан и Маџовски „царуваат“ во Србија – пак ја преслушаа Војводина

Србија веројатно ќе има нов шампион, ако се гледат досегашните резултати во првенството каде екипата на Партизан веќе двапати го победи тимот на Војводина од Нови Сад. Сега во 12. коло на домашен терен, „црвено-црните“ славеа со 31-27 за зацврстување на лидерската позиција на табелата.

Но, не беше така лесно да се стигне до триумф бидејќи на полувреме гостите имаа предност од 14-13. Потоа на дело стапува одличниот Црноглавац и голманот Хајдарирад, па во 41 минута Партизан веќе има водство од 22-20. Следува период во кој Партизан ја задржува предноста која стигнува до највиоски 31-25.

Во тимот на Партизан настапува и нашиот Бојан Маџовски, кој на овој натпревар не се запиша ниту еднаш во листата на стрелците.

Во последните 11 години во Србија доминира Војводина која 11 сезони по ред ја освојува титулата. Партизан последне пат бил шампион во сезоната 2011-2012. Лани беа освојувачи на Купот на Србија.