Трета победа во низа – Охрид со десетка го „почести“ Прилеп

Ракометарите на Охрид забележаа трета победа во низа во Супер лигата, откако славеа над Прилеп со десет гола разлика, 38-28. Гостите успеваа да парираат во поголем дел од првото полувреме, водеа во неколку наврати со по два гола разлика, но како одминуваше времето така работите си доаѓаа на свое место, иако Стевче Алушовски на располагање ги немаше Ристевски, Бојаниќ и Јукиќ за овој меч.

Охрид сега имаа 22 бода, се наоѓа веднаш зад водечкото трио – Вардар, тимот од Автокоманда и Еурофарм Пелистер и може да биде мирен околу местото во плеј-офот, но ќе бара уште повеќе бодови за подобра стартна позиција во разигрувањето за титулата на пролет.

Избраниците на Божидар Мојсов лесно реализираа на стартот, но и домаќините исто така набрзина ги реализираа своите напади. Беше 9-7 и 10-8 за Прилеп, но тогаш се разиграа Тасески и Мацуока, двајцата постигнаа по два гола и Охрид отиде на плус три, 15-12.

Имаа домашните последен напад по тајм-аутот на Алушовски пред паузата, но не реализираа, но ниту прилепчани не казнија бидејќи Чаневски беше сигурен на голот и на полувреме беше 19-16.

Гостите успеваа да ја задржат играта гол за гол на стартот на вториот дел, но домашниот состав полека ја презема комплетно контролата на теренот, отиде на плус пет, 26-21 и до крајот само рутински ја доработи задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Тасески со девет, Цирар со седум и Мацуока со шест гола, додека кај Прилеп се истакна Рајатовски со шест погодоци. Во следното коло Охрид ќе му гостува на Тиквеш, а Прилеп ќе биде домаќин на „сино-белите“ од Автокоманда.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД16150130
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16140228
3ВАРДАР 196116140228
4ОХРИД16121325
5БУТЕЛ1680816
6ТИКВЕШ 20141672716
7ПРИЛЕП1662814
8ПРОЛЕТ1654714
9КУМАНОВО1640128
10СТРУГА1630136
11БИСИНОВ Ф. Л.1622126
12РАДОВИШ1601151