Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 10. коло од Лигата на шампионите на свој терен ја совлада Висла Плоцк со 21:18 и со освоените два бода се наоѓа на чекор до пласман во осминафиналето.
За натпреварот против полскиот шампион, кој во досегашниот тек од сезоната оствари две победи, спортската сала „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последно место, а пелистерци во сите 60 минути имаа огромна поддршка од трибините.
Еурофарм Пелистер токму со помош на публиката стигна до посакуваната победа. Атмосферата од трибините беше забележана од Европската ракометна федерација (ЕХФ), па на социјалните мрежи се постави прашањето дали македонскиот шампион ги има најдобрите фанови во ЛШ?
„Best fans of the #ehfcl?“, напишаа од ЕХФ.
Сите ривали во Битола доаѓаат со респект, бидејќи знаат дека е премногу тешко да се игра пред битолската публика.