Maгдебург падна во драмата кај Нант, виси местото во елиминациите!

Францускиот Нант славеше против бундеслигашот Магдебург со 29-28, во „мечот на неделата“ во 10 коло од Лигата на шампионите.

Сега Магдебург остана на шестото место кое води во елиминациите со седум бода, но го следи Колстад со шест и Загреб со четири, па нема да му биде лесно на бундеслигашот да го потврди пласманот во осминафиналето. Нант е втор и на чекор до директно место во четвртфиналето.

Иако Магдебург отвори со водство од 7-2, до крајот на полувремето Нант ја намали негативата на минус четири, 14-11, а клучниот период беше во последните десетина минути.

Зендер донесе водство за Магдебург со голот за 25-24, Нант даде три гола во серија преку Одриозола, Овничек и Абди. Гостите имаа шанса да освојат барем бод, но Зендер не погоди и бодовите останаа дома.

Квартетот Брие, Мин, Овничек и Турна дадоа по пет погодоци за Нант, а кај Магдебург се истакнаа Зендер и Петерсон со по шест реализации.