АНАЛИЗА ЕП2024: Симе Симовски за мечот Македонија – Унгарија

Откако репрезентацијата на Унгарија го завери понатамошниот пласман на ЕП како апсолутен фаворит со сите свои добри ракометни перформанси, фантастична логистика следејќи ги од СП, па сега на ЕП со нов предводник се покажуваат како сериозна репрезентација која ита кон медал (и да се спомене домашниот терен како еден од факторите кои влијаат за освојување на целта.

Унгарија натпреварот го отвори со комбиниран состав кој на почетокот и не се пронајде на теренот и не се снајде на насоките дадени од стручниот штаб. Изнудени технички грешки во напад, додека пак во одбрана не и функционирање препознатливата агресивна 6:0 одбрана со подлабоки излегувања на 2ка и 5ка, со добрата корелација на 3ка и 4ка каде нашите пивоти имаа повеќе простор на располагање. 1:1 игра не одгворија и пар/непар не беше на ниво како на претходните натпревари со Шведска и со Турција.

Македонија мотивирана нема што да изгуби без поголем притисок отвори солидно на натпреварот, но одново после добра одбрана без транзиција која треба да се искористи без технички грешки, одличен акцент на бр.77 и левиот бек бр.5 која немаше свој ден и потроши премногу топки. На моменти одлични со агресивноста во одбраната а со тоа изнудивме технички грешки кај Унгарија. Ракометарките на Унгарија немаа добра одбрана, па и немаа добра транзиција. Прв бран одличен како во изминатите натпревари но реализација слаба, за тоа пречка нашата голманка Драгана Петковска со нејзините одлични интервенции, не дозволи резултатска разлика.

Македонската транзиција нема, прв бран нема и на моменти без идеја. Ако изиграме 1:1 или договор 2:2 со пивот имавме одлична завршница со проигрување на пикер или пролаз меѓутоа реализација лоша. Во тој момент напад 7:6 каде примаме неколку лесни голови, неодговорно кој влегува кој излегува.

Второ полувреме – Унгарија комплетно нов ростер и доаѓа до израз нивниот начин на функционирање. Физички спремни одлично да го издржат темпото што го наметнуваат, со нивната препознатлива агресивна одбрана изнудија неколку технички грешки кај Македонија и нормално следи контра или транзиција, со прв бран кој мислам дека поминуваше безпрекорно или следи дисциплиниран напад со конкретни задачи до чиста ситуација. Постава (л.к. 6, л.б. 59, с.б. 38, д.б. 42, д.к. 6, п. 4) која изминатиов период го одработила одлично и се подготвила за ЕП. Македонија немоќна на сите овие напади на Унгарија, на моменти светла точка нашите голманки со по некој одбранет зицер, пенал или шут од 9. Стратегија 7:6 во напад каде што примивме неколку брзи голови и нормално технички грешки со завршница од 10 разлика.