Женската репрезентација на Македонија со два порази и едно реми го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
На последниот натпревар против Унгарија, во финишот на мечот една од акциите на Македонија влезе во ТОП 5 на денот.
По атрактивната асистенција на Јована Кипријановска, во голот на домаќинот на ЕП, погоди Сара Ристовска.
Покрај голот на Ристовска, во ТОП 5 на денот се најдоа и погодоците на Херем од Норвешка, Реихерт од Австрија, Сомаза од Шпанија и Меро од Франција.
Погледнете….