Inger SMITS, Elín Rósa MAGNÚSDÓTTIR and Romee MAARSCHALKEWEERD, Netherlands vs Iceland, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 29.11.2024, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Исланд одигра храбро со Холандија, Романија ја доби драмата против Чешка

Денеска продолжија натпреварите од првото коло од Европското првенство во женска конкуренција, а најинтересно беше на натпреварот меѓу Холандија и Исланд, односно Романија и Чешка.

Холандија потешко од очекуваното, со подобрата игра во финишот, стигна до посакуваните два бода, откако триумфираше со 27:25.

Иако пред натпреварот „лалињата“ беа големи фаворити, сепак, островската земја повеќе од 50 минути беше рамноправен ривал и рамо до рамо се носеше со поискусната репрезентација.

Исланд со денешната игра покажа дека може да се носи со посилните репрезентации, па така на следните два дуели, против Украина и Германија, ќе посакува да дојде барем до една победа, со цел да го освои третото место во групата Ф.

Многу возбудувања имаше на натпреварот меѓу Романија и Чешка, а на победа се радуваа Романките, триумфираа со 29:28.

До 55 минута се играше гол за гол, во последните пет минути подобро се снајде Романија, која со поцврстата одбрана и поголемата фокусиранот дојде до два важни бода.

Голманката на Чешка, Сабрина Новотна, имаше одличен ден меѓу стативите и натпреварот го заврши со дури 20 интервенции, а двете голманки на Романија имаа вкупно осум интервенции.

Еден од домаќините, репрезентацијата на Швајцарија, полесно од очекуваното славеше над Фарски Острови со 27:25.

Дебитантот на континенталните собири парираше колку што можеше во првиот дел, даде седум, а прими 13 гола во првите 30 минути, но во вториот дел до израз дојде квалитетот меѓу двете репрезентации. Домаќинките премногу се опуштија во последниот период и дозволија дебитантот да се избори за чесен пораз.

Швајцарија во второто коло ќе игра против Данска, додека во последното 3. коло од групната фаза ќе се соочи со Хрватска.