Женската репрезентација на Македонија со очекуван пораз од Шведска со 28-18 го отвори настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, го анализираше денешниот пораз од скандинавската селекција.
,,Отворивме добро, но потоа имавме многу технички грешки и многу промашени зицери од чисти ситуации и тоа беше причината за поразот. Во одредени периоди игравме добро во два правци, но понекогаш не знаевме што да правиме во нападот и одбраната. Ние сме млада екипа, на овој натпревар влеговме со преголем респект кон Шведска, ова за нас е едно големо искуство, се надевам дека од ова научивме нешто, продолжуваме понатаму, сепак, гледаме позитивно на сето ова, против Турција ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да ја израдуваме нашата јавност”, изјави Грчевски.
За Македонија следува ден одмор, а в сабота избраничките на Кристијан Грчевски ќе играат против Турција.
Кипријановска: Имавме многу технички грешки и не верувавме во себе