ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар го игра последниот европски меч сезонава

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска против Мелсунген ќе го одигра последниот сезонски натпревар на европска сцена.

Вардарци во последното коло од групната фаза од Лигата на Европа ќе се обидат да го изненадат бундеслигашот, кој во Скопје ќе допатува речиси во комплетен состав.

На првото соочување, тимот на Роберто Гарсија Парондо беше убедлив против „црвено-црните“, триумфираше со 16 разлика, 34:18.

Вардар во претходното коло од Лигата на Европа одигра реми на гостувањето кај Валур (34:34), додека Мелсунген беше подобар од Порто (32:27).

Во составот на Мелсунген ќе бидат и двајцата поранешни ракометари на Вардар, кружниот напаѓач Рожерио Мораеш и  десниот бек Даинис Кристопанс.

Денешниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Лига на Европа, 6. коло, распоред:
18:45 Констанца – Хобри
18:45 Кадетен – Прешов
18:45 Кил – Војводина
18:45 Луцерн – ГОГ
18:45 Лимож – Бенфика
18:45 Савехоф – Гумерзбах
18:45 Татабања – Сесвете
20:45 ФХ – Тулуз
20:45 Фленсбург – Карвина
20:45 Горење – Адемар
20:45 Монпелје – Гранољерс
20:45 Нексе – Торелавега
20:45 Порто – Валур
20:45 Вардар – Мелсунген
20:45 Забже – Силкеборг