- МВП играчот од кадетското СП 2019 во Македонија, Ахмед Хешам, би можел да се пресели во унгарскиот гигант Веспрем. Според „Миди Либре“, Веспрем е подготвен да плати 300.000 евра како оштета, со оглед на тоа што левиот бек има договор до 2027 година.
- Францускиот репрезентативен голман Самир Беласен, кој замина од Кил и до крајот на сезоната ќе го брани голот на Штутгарт, се споменува како ново засилување за романскиот првак Динамо Букурешт.
- Левото крило Милош Вујовиќ ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах и ќе остане во Бундес лигата најмалку до 2027 година. Тој од унгарската Татабања се пресели во Фуксе Берлин во 2020 година, а по три сезони во дресот на „лисиците“ замина во Гумерсбах.
- Левиот бек од Данска, Ласе Мелер, го продолжи договорот со германскиот Фленсбург и ќе остане во Бундес лигата најмалку до 2028 година. Мелер се најде на поширокиот список на Николај Јакобсен за настап на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка.