Мандиќ со „сто раце“ – Магдебург на колена во Загреб

Екипата на Загреб пред своите навивачи успеа да го победи Магдеург, славеше со 22:19, а победничко деби на клупата на најтрофејниот хрватски клуб имаше искусниот стратег Велимир Петковиќ, кој тренерската палка ја презеде од Андрија Николиќ.

Хрватскиот шампион со овие два бода се врати во игра за 6. позиција на табелата, односно за пласман во осминафиналето во европската елита. Тимот предводен од Петковиќ во следното 9. коло ќе биде домаќин на францускиот Нант, кој утре игра против Барселона.

Загреб на крилата на голманот Мандиќ имаше фуриозен налет против екс освојувачот на Лигата на шампионите и во воведните десет минути имаше предност од плус пет, 6:1. Бундеслигашот одвреме – навреме доаѓаше до реализација и за дваесетина минути игра имаше постигнато само четири гола.

Домаќинот имаше беспрекорен напад и цврста одбрана, знаеше како да дојде до реализација, многу лесно ја пробиваше одбраната на гостите и во 15 минута дојде до предност од 8:4. Предноста на Загреб во 20 минута беше 10:4, а пет минути подоцна тимот на Петковиќ имаше 11:6. По 30 минута игра резултатот беше во корист 13:7 за домашниот табор. Голманот на Загреб, Матеј Мандиќ, првото полувреме го заврши со неверојатни 14 интервенции од 20 удари, поголемиот дел од нив беа од дуел еден со еден.

Магдебург на стартот на вториот дел се закани намалувајќи на 13:11 и во тој момент беше јасно дека домаќините ќе мора да се консолидираат за да ја задржат предноста. Следуваше период, во кој домаќинот врза два гола во низа, двата беа дело на Главаш, и во 42 минута предноста на Загреб беше плус три, 15:11. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да направат камбек и да се изборат за барем бод, но домашниот тим не дозволи драма.

Најефикасен во победничката екипа беше Лука Ловре Кларица со седум гола, голманот Мандиќ беше фантастичен меѓу стативите и натпреварот го заврши со 20 интервенции.

Алборг и Колстад одиграа интересен натпревар, а на победа се радуваа домаќините, триумфираа со два гола разлика, 30:28. Двете екипи имаа свои моменти, на полувреме беше 14:13 за гостите, a данскиот шампион победата ја обезбеди со поголемата фокусираност во клучните моменти.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Јул Бустер со седум гола, кај Колстад се истакна Магнус Сондена со гол повеќе – 8

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064