Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за настап на претстојниот Мундијал.
Лазаров на списокот има 35 ракометари, кои и претходно се наоѓаа во комбинација за настап.
Македонија ќе игра во Вараждин, а ќе биде во група со селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Доколку се пласира во главната рунда, нашата селекција ќе се соочи со најдобрите три од групата во која се Франција, Алжир, Катар и Австрија.