Некогашен бомбардер на Металург и Вардар ќе игра на Кипар

|
12:40

Некогашниот српски репрезентативец и член на Вардар и Металург, Милош Драгаш, во новата сезона ќе ги брани боите на кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста.

Левиот бек, кој се одликува со силниот шут од далечина е нов член на романскиот тим Политехника Темишвар, минатата сезона ги бранеше боите на словенечкиот Тримо Требње и романската Политехника Темишвар.

33-годишниот Драгаш потекнува од Прибој, а откако остави одличен впечаток во Металопластика Шабац дојде во Скопје во Вардар во сезоната 2012/13.

Со Вардар играше во Лигата на шампионите и во ЕХФ Купот, а потоа се врати во тимот на Металопластика.

Следуваше трансфер во Металург, а во Автокоманда играше во сезоната 2016/17. Потоа шест сезони мина во Романија во тимовите на Баја Маре, Темишвар и Потаиса Турда.

Вардар сервира одмазда – тимот од Автокоманда на колена во „Јане“

Автор: Редакција
| 24 ноември 2024
20:37

Екипата на Вардар им го нанесе првиот сезонски пораз на „сино-белите“ од Автокоманда, откако во дерби дуелот од 12. коло од Супер лигата славеше на свој терен со 29:27. Сега двете екипи имаат по 22 бода на табелата, но тимот од Автокоманда останува на првата позиција, бидејќи првиот меѓусебен дуел заврши со победа на тимот на Кире Лазаров од 33:30.

Домаќините имаа одличен старт, поведоа со 3:0 преку Горига и Борозан, а гостите од Автокоманда првиот гол го постигнаа по пет минути игра. Следуваше период, во кој Вардар имаше резултатска контрола, но како одминуваше времето, така тимот од Автокоманда се враќаше во игра.

По предноста на Вардар од 5:3, гостинот со два гол во низа израмни на 5:5. Се играше гол за гол, во еден момент двете екипи наизменично се менуваа во водство, а по нерешените 9:9, гостинскиот тим за две-три минути постигна два гола и се одлепи на 11:9.

Вардар возврати со иста мера, израмни на 11:11 во 20 минута. Домаќинот во периодот од 21 до 25 минута имаше неколку шанси да дојде до плус два, но никако не успеаваше да реализира. Откако беше 13:13, тимот на Вардар најпрво поведе со 14:13, а потоа со голот на Јагуриновски дојде до 15:13, резултат кој што гласеше на полувреме.

Избраниците на Милано за неколку минути игра во второто полувреме дојдоа до18:15, но ракометарите на Лазаров не дозовлија „црвено-црните“ да имаат комоција во играта и бргу израмнија на 18:18. Двете екипи постигнаа уште по четири гола, пред Вардар да го направи вистинскиот чекор.

Беше 22:22, домаќините предводени од голманот Еспиња се одлепија на 25:22 и до крајот успеаја да ја сочуваат стекнатата предност. Вардар во последните пет минути влезе со предност од 27:24, гостите се заканија намалувајќи на 26:25, а Вардар со головите на Николиќ и Горига ја потврди посакуваната победа.

Најефикасни кај Вардар беа Дмитриј Горига со седум и Марко Срдановиќ со шест гола. Во поразениот табор се истакна Марко Митев со пет реалзиации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД12110122
2ВАРДАР 196112110122
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100220
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1270514
6ТИКВЕШ 20141251611
7ПРОЛЕТ1243511
8ПРИЛЕП1242610
9КУМАНОВО123096
10БИСИНОВ Ф. Л.122195
11СТРУГА1220104
12РАДОВИШ1201111

🎥Хаос во Црна Гора: Летаа шишиња од трибините, се степаа играчите…

Автор: Редакција
| 25 ноември 2024
19:51

Дерби дуелот во црногорскиот шампионат меѓу Беране и Ловќен беше проследен со голем скандал, откако навивачите на домашниот тим направија нереди на трибините.

Како што пишуваат медиумите од Црна Гора, навивачите на Беране, извикувале погрдни зборови за гостите од Цетиње нарекувајќи ги усташи, скандирале „Косово е Србија“ и на крајот ги гаѓале со стаклени шишиња.

Натпреварот во дури три наврати бил во прекин поради запалени факли, а во еден момент играчите на двата тима влегле во конфликт, но најприсебните од двата табори спречиле голем хаос.

,,Навивачите на домашната екипа за време на натпреварот фрлаа пластични шишиња кон ракометарите од Цетиње, ги нарекуваа усташи, па дури и скокаа на теренот за да се пресметаат со гостите”, пишува црногорскиот портал „Вијести“.

Ракометарите на Ловќен го добија дербито против Беране, славеа со 26:22 и се израмнија на табелата со Рудар и Будуќност Подгорица, сите три екипи имаат по 12 бода, додека Беране има осум.

По независноста на Црна Гора, овие два тима беа најголеми ривали во црногорскиот шампионат.

 

Божиновски и Начевски со голем предизвик – ќе судат дерби меч во ЛЕ!

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
15:33

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе патуваат во Франција и ќе судат натпревар што се очекува да донесе многу возбудувања.

Тоа е мечот меѓу Монпелје и шпанскиот Гранољерс, по кој ќе биде познато колку бодови ќе пренесат двете екипи во главната рунда.

Овој дуел се игра на 26 ноември со почеток во 20:45 часот, а Монпелје сигурно е прв на табелата, Гранољерс втор, но двете екипи ќе се борат за да пренесат што повеќе бодови во главната рунда.

Димитриоски ефикасен, Ваљадолид им се врати на победите во Асобал

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
14:54

Тимот на Ваљадолид каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, по три меча запиша победа во Асобал лигата.

По реми дуелите со Куенка и Ла Риоха, како и поразот од Пуенте Хенил, Ваљадолид на домашен терен славеше против Виља де Аранда со 37-26.

Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога избраниците на Давид Писонеро водеа со 17-13, а во второто полувреме комплетно го надиграа ривалот.

Димитриоски беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди, додека Карапалевски реализираше еднаш.

Ваљадолид сега има 11 бода и се наоѓа на делба на петтото место, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај големата Барселона.

Блесок на Поповски против Луцерн

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
10:44

Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, беше елиминиран од Купот на Швајцарија.

Иако беше во игра до самиот крај, на моменти низ средбата и водеше, сепак Цирих на крајот мораше да се помири со пораз во драмата со Криенс Луцерн, 29-28.

Поповски беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне седум погодоци од девет обиди во противничката мрежа.

По европската елиминација, сега и од Купот на Швајцарија, сега за Цирих и Поповски останува уште швајцарскиот шампионат.