Екипата на Чаир поради европските настапи денеска ќе го одигра последниот дуел од регуларниот дел од Женската лига.
Избраничките на Басри Љатифи ќе бидат домаќини на Астибо, во натпревар кој нема никакво значење за двете екипи.
Чаир е голем фаворит на денешната средба и се очекува без проблеми да ги освои планираните два бода.
Денеска ќе се одигра натпреварот меѓу Вардар и Пелистер во групната фаза во Купот на Македонија, по што ќе се знае третиот патник на Ф4 турнирот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ИЖЕВСК – ЦСКА (РУСИЈА)
17:00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ГОРЕЊЕ – ОРМОЖ (СЛОВЕНИЈА)
18:00 ЃЕР – СОМБАТЕЉ (УНГАРИЈА)
18:30 ЧАИР – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 РАДНИЧКИ – ВРАЊЕ (СРБИЈА)
19:00 ФАСАНО – САСАРИ (ИТАЛИЈА)
20:00 БАРСЕЛОНА – АДЕМАР (АСОБАЛ)
20:00 ХОРСЕНС – ИКАСТ (ДАНСКА)
20:00 ДИЖОН – ТУЛУН (ФРАНЦИЈА)