Николов и Начевски ќе судат во Лигата на шампионите во Азија!

Уште едно големо признание за квалитетот на најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Tие на барање на Азиската ракометна федерација и ИХФ, ќе судат на натпреварите од Лигата на шампионите во Азија што ќе се играат во Доха.

Ќе настапат девет екипи, поделени во две групи, а Ал Калеј од Саудиска Арабија ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.

Уште пет учесници претходно освојувале титули во Азиската ЛШ, а тоа се катарскиот Ал Духаил, Казма од Кувајт, Ал Рајан од Катар и Ал Кувајт од Кувајт.

Натпреварите ќе се играат од 12 до 23 ноември, а победникот ќе обезбеди место на Светското клупско првенство во 2025 година.