Левиот бек на Спортинг Лисабон и португалската репрезентација, Мартим Кошта, се наоѓа на радарот на унгарскиот гигант Веспрем.
Според информациите на „RTHandball“, Кошта е меѓу првите пикови на новиот стратег Чави Пасквал, иако е врзан со договор со португалскиот првак.
Кошта има договор со Спортинг до 2027 година, но за Веспрем не се проблем парите и би можел да плати оштета.
Покрај Кошта, унгарскиот тим во своите редови го посакува и голманот на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев.