ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 8-то коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 8. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров 2, Металург Автокоманда и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до четврток до 12:00 часот.

Женска лига, 8. коло, резултати:

Група А
Ѓорче Петров 2 – Спартак 27:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Астибо 29:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Куманово – Овче Поле СУ 41:15 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Металург Автокоманда 10:51 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Спартак – Деспина 23:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Вардар 42:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ880016
2ВАРДАР860212
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК82064
5ШАМПИОН80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 8. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Мила Лашкоска - Ѓорче Петров 2
63.29%
Марија Гугуљанова - Металург Автокоманда
32.80%
Мила Трајковќ - Куманово
3.91%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО

Мила Лашкоска (Ѓорче Петров 2) – Младата ракометарка со гол во последната секунда му донесе бод на својот тим, а беше и меѓу најефикасните во домашниот табор.

Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда) – Десното крило погодуваше како од шега на натпреварот против Гевгелија, броеше до 15.

Мила Трајковиќ (Куманово) – Искусната Трајковиќ беше непогрешлива против Овче Поле СУ, имаше девет реализации.