Данскиот ракомет во жалост!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека денеска почина претседателот на данската ракометна кука – Мортен Стиг Кристенсен.

Како што се наведува во соопштението, Кристенсен починал од срцев удар, а имаше 59 години.

„Мортен Стиг отсекогаш бил личност водена од волјата дополнително да го развива ракометот, а имашедлични вештини за балансирање на сите интереси во процесот. Неговата смрт е трагична загуба за европскиот ракомет“, изјави претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

За време на мандатот на Мортен Стиг Кристенсен, во Данска се одржаа неколку континентални собири – Европското првенство за жени (2010), Европското првенство за мажи (2014) и Европското првенство во женска конкуренција во 2020 година.