Ракометарите на Нант на свој терен ремизираа против актуелниот европски првак Барселона, 31:31, во натпревар од 7. коло од група Б.
За францускиот тим ова беже важен бод, сега на свое конто има девет бода и се наоѓа на 2. позиција на табелата, додека каталонскиог гигант, кој пред денешниот натпревар имаше шест победи, има 13 бода.
Иако Барселона на полувреме замина со предност од 17:14, сепак, домашниот тим со подобрата игра во вторите 30 минути заслужено дојде до голем бод.
Во вториот дел двете екипи имаа свое моменти, Нант беше пред победа, но искусниот Јанц на дваесетина секунди пред крајот ги постави конечните 31:31. Барса имаше напад за победа, но Иван Пешиќ го одбрани ударот на гостите.
Најефикасен во домашниот табор беше Ејмерик Мин со седум погодоци, а го следеше Жулиен Бос го гол помалку. Кај Барселона прво име беше Дика Мем со девет погодоци.