Ракометарите на Еурофарм Пелистер се израдуваа на првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако славеа во Данска.
Избраниците на Звонко Шундовски, иако имаа негатива од три гола на паузата, 12-9, со одлично второ полувреме ја совладаа Фредериција со 25-22.
Несовладлив на голот беше Никола Митревски, кој запиша 15 интервенции, а поголем дел од нив беа зицер ситуации.
Триумфот во Данска беше одбележан со селфи од соблекувалната, а следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде одново дуелот со Фредериција, но овојпат во Битола.
„За нас, за Битола, за нашата Македонија…“, напишаа пелистерци на социјалните мрежи.