„Сино-белите“ од Автокоманда го штиклираа и Пролет

Тимот на Кире Лазаров во заостанатиот натпревар од 9. коло славеше на гостувањето кај Пролет со 39:26.

За „сино-белите“ од Автокоманда ова беше 9-ти сезонски триумф и се единствените без пораз во досегашниот тек од сезоната.

Избраниците на Александар Јовиќ беа рамноправни во воведниот дел, потоа гостите започнаа постепено да се одлепуваат, имаа на моменти плус седум а на пауза заминаа со резултатска предност од 20:15.

Ниту во вторите 30 минути немаше поголема промена, тимот од Автокоманда не попушти ни најмалку, во 45 минута дојде до 28:20 и рутински го одработи последниот дел.

Забележителен настап во дресот на Пролет имаше младинскиот репрезентативец Андреј Стојановски, кој натпреварот го заврши седум погодоци.

Во победничката екипа прво име беше Мартин Серафимов со шест погодоци, а го следеа Марко Митев и Арнауд Бинго со гол помалку.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186