Ракометарите на Охрид по завршувањето на европските обврски, им се враќаат на домашните во Супер лигата.
Избраниците на Стевче Алушовски му гостуваат на Куманово во натпреварот од 9 коло, кој ќе се игра утре.
Капитенот Иван Тасески вели дека Охрид мора да се врати на победничките патеки пред тешкиот меч со Вардар.
„Немаме многу време за анализи за тоа што било и за подготовки за натпреварот со Куманово. Одиме на победа на гостински терен, да им се вратиме на победите, што ќе ни ја врати самодовербата и да ја кренеме атмосферата во екипата, бидејќи веднаш потоа не чека тешко гостување кај екипата на Вардар“, изјави Тасески.
Натпреварот меѓу Куманово и Охрид се игра утревечер во салата „Перо Наков“ со почеток во 18:00 часот.