Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го промовираше кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамду, кој веќе пристигна во Битола.
Мамду потпиша соработка со битолчани до 2026 година и ќе биде одлична опција на линијата за Звонко Шундовски, но и за идниот стратег на Еурофарм Пелистер.
Во Битола дојде роден победник и пивотмен со големо интернационално искуство. Тој во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт.
35-годишниот Мамду има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува 15 години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови – Египет, Франција, Романија, Катар…
Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи.
Тој би требало да го има своето деб за македонскиот тим на дуелот со данската Фредериција во Лигата на шампионите.