Ривалите на Македонија на тест дуели пред ЕП 2024 – еве како минаа Шведска, Унгарија и Турција

Покрај Македонија, во рамките на ЕХФ неделата пријателски средби играа и трите ривали на нашата репрезентација на претстојното ЕП 2024.

Шведска играше против Шпанија два меча на домашен терен и еднаш победи со 13, а еднаш со 16 голови разлика.

Унгарија тестираше два пати со светскиот првак Франција – славеше на првиот дуел, а загуби на вториот.

Турција, која исто како и Македонија беше дел од „Трофеј Карпати“, доживеа три порази – еден убедлив од Швајцарија, а загуби и од Словачка и Бразил.

Македонија го стартува настапот на ЕП на 28 ноември против Шведска, потоа ќе игра со Турција на 30 ноември, додека на 2 декември ќе се сретне со домаќинот Унгарија.

Пријателски натпревари, резултати:

Шведска – Шпанија 40-24
Франција – Унгарија 27-30
Норвешка – Германија 32-30
Данска – Холандија 31-36
Бразил – Словачка 34-30
Романија – Македонија 36-25
Австрија – Чешка 26-25
Швајцарија – Турција 37-26
Исланд – Полска 30-24
Хрватска – Црна Гора 23-21
Македонија – Словачка 27-29
Чешка – Украина 34-25
Холандија – Германија 23-27
Шведска – Шпанија 41-28
Романија – Швајцарија 27-36
Франција – Унгарија 26-22
Исланд – Полска 28-24
Норвешка – Данска 26-22
Бразил – Турција 33-28
Швајцарија – Македонија 27-22
Турција – Словачка 31-36
Германија – Данска 19-34
Романија – Бразил 31-34
Норвешка – Холандија 33-25
Австрија – Украина 34-21