Унгарскиот шампион Веспрем ги освои бодовите во Битола, откако против македонскиот шампион триумфираше со 30:23.
За Веспрем ова беше петти триумф во елитното натпреварување, унгарскиот шампион има само еден пораз, оној од Спортинг Лисабон.
Предводникот на Веспрем, искусниот стратег Чави Пасквал, ги сподели своите импресии по победата над пелистерци.
,,Можам да кажам дека прекрасно е да се игра во една ваква ракометна арена, тоа е убаво за нашиот спорт. Јас сум горд на тимот, кој што ги надмина проблемите со кои се соочуваше и сите проблеми со повреди. Кој не играше, беше одлично надополнет од тимот. За нас победата е најважна, посебно за првото место во нашата група. Посебно ми е драго за Лука Циндриќ, за кого знам колку е посебно и важно кога игра во Македонија“, изјави Пасквал.
Кружниот напаѓач Драган Пешмалбек истакна дека неговиот тим одиграл одлично од почетокот, па до крајот.
,,Секогаш е комицирано да се игра во Македонија, поради публиката. Мислам дека сериозно одигравме уште од самиот почеток и имавме контрола на резултатот до крајот, одбраната беше добра, Коралес одличен, а во нападот исто така добро ни одеше. Сега сме први во групата, останува да продолжиме вака”, изјави Пешмалбек.
Веспрем во следното, 7. коло од Лигата на шампионите ќе се соочи со Висла Плоцк.