Некогашниот ас на Вардар и Металург, кој преку Келце, Барселона и Динамо Букурешт се пресели во Веспрем, Лука Циндриќ, беше лидерот на унгарскиот тим на гостувањето во Битола.
Веспрем победи со 30-23, a хрватскиот репрезентативец постигна осум погодоци и го водеше неговиот тим до победа.
„Секогаш ми е драго кога се враќам во Македонија, драго ми е што се уште се следи ракометот и многу луѓе го сакаат овој спорт. Му посакувам многу среќа на Еурофарм Пелистер. Јас знам од искуство дека овде не е лесно да се игра. Од првата минута ние влеговме фокусирано и на крајот мислам дека заслужено победивме“, изјави Циндриќ.
Веспрем во следното коло оди на гостување кај Висла Плоцк, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Фредериција.