ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Радовиш, Бисинов ФЛ, Тиквеш, Бутел Скопје, Охрид и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 8. коло, резултати:

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 32-26 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ПРОЛЕТ 32-29 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – БИСИНОВ ФЛ 29-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ТИКВЕШ 28-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – КУМАНОВО 31-21 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 8.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Здравко Постолов - лев бек - Радовиш
51.02%
Гоце Ојлески - лево крило - Охрид
16.33%
Никола Костески - десно крило - Алкалоид
14.29%
Бојан Блажески - голман - Бутел Скопје
8.16%
Ивица Илиев - среден бек - Бисинов ФЛ
6.12%
Ашраф Маргели - десен бек - Вардар
2.04%
Кристијан Анастасовски - пивот - Тиквеш
2.04%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата ја продолжи одличната форма сезонава и на мечот со Струга.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Стружанецот беше лидер на стрелците на дуелот со Пролет.

Лев бек: Здравко Постолов (Радовиш) – Капитенот на радовишани постигна 13 голови и има голема заслуга за првиот сезонски бод.

Среден бек: Ивица Илиев (Бисинов ФЛ) – Средниот бек даде 12 гола за новиот суперлигаш, кој го спаси од пораз кај Радовиш.

Десен бек: Ашраф Маргели (Вардар) – Тунижанецот ги водеше „црвено-црните“ до триумф над Куманово.

Десно крило: Никола Костески (Алкалоид) – До повредата десното крило беше еден од најдобрите поединци на дуелот со шампионот Еурофарм Пелистер.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Тиквеш) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Прилеп.