Тимот на Пролет го намачи Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“, кој сепак на крајот ги освои бодови и славеше со 32-29.
Тренерот на гостите и покра поразот е задоволен од изданието на неговите ракометари и желбата за надигрување.
„Сакам да им честитам на моите играчи за големата желба на натпреварот. Мислам дека добро го испотивме Охрид, кој е една од најквалитетните екипи во нашето првенство и се наоѓа во самиот крив. Сметам дека ќе се борат за највисок пласман. За Охрид овој меч дојде меѓу двата европски дуели и мислите им се веројатно свртени кон Европа. Можам да им честитам и нив, сите ќе навиваме за Охрид да мине во следното коло во Европскиот Куп“, вели Јовиќ.
Стратегот на Пролет вели дека ако се продолжи со ваквата игра, достижно е местото во плеј-офот од Супер лигата.
„Имавме грешки во последните неколку напади, во играта шест на пет одигравме лошо, па Охрид како искусна екипа го азни тоа. Може да жалиме за денешниот натпревар, покажавме карактер, ако продолжиме така ќе се надеваме на место во плеј-офот“, заврши Јовиќ.
Во следното коло Пролет ќе го пречека „сино-белиот“ тим од Автокоманда на домашен терен.