Францускиот првак ПСЖ денеска го промовираше новиот чувар на мрежата, Mикаел Локвист, кој ќе дојде во Париз следното лето.
Данскиот голман, кој има 22 години, доаѓа од тимот на Бјерингбро-Силкеборг, потпиша до 2027 година и ќе биде замена за Андреас Паличка.
Шведскиот голман нема да ја продолжи соработката, а за разлика од него, Јаник Грин ќе остане светец.
ПСЖ објави дека е продолжена соработката за уште една сезона со Грин, односно до 2026 година, па Раул Гонзалес ќе има дански двоец на голот.