Алушовски: Да ни понудеше некој шест разлика пред натпревар, ќе прифатевме со две раце

Охрид со триумф од 31-25 ја почна новата европска ракометна приказна, победувајќи го романскиот тим Потаиса Турда во Европскиот Куп.

Иако ништо не е завршено, има реванш натпревар во Романија, македонскиот тим ќе има поголема психолошка предност поради позитивата од шест гола.

Тренерот на Охрид, Стевче Алушовски, ги истакна првите импресии по успешниот старт на европска сцена.

,,Јас кажав дека овде е само прво полувреме од оваа битка, не очекува реваншот во Турда. Најпрво, сакам да им честитам на моите играчи, и покрај тоа што многу малку од тоа што се договаравме во напад испочитуваа, сепак, дадовме 31 гол, во одбрана бевме коректни, мислам дека одигравме еден добар натпревар, натпревар кој што го започнавме и одигравме во грч. Оваа екпипа има голем потенцијал, но малку од тоа покажуваме, по мој критериум, не знам кој како гледа. Некој да ни понудеше пред натпреварот шест разлика ќе прифатевме со две раце, така што имаме ест разлика, таму одиме по победа и очекувам дека ќе биде еден интересен натпревар, второ полувреме од битката”, изјави Алушовски.

Стратегот на Охрид истакнува дека неговите избраници треба да веруваат многу повеќе во себе.

,,Јас бев оптимист дека оваа екипа може да се добие со поголема разлика. Од направените анализи од нивните осум одиграни натпревари не одиграа ништо ново, но задоволен сум од играта на моите избраници, честитки за нивното залагање, можат многу повеќе, треба да веруваат многу повеќе во себе, оваа екипа има голем потенција, се што треба е малку верба во тоа што се работи”, заврши Алушовски.

Реванш средбата меѓу Потаиса Турда и Охрид ќе се одигра на 26 октомври во „Турда Арена“ со почеток во 17:00 часот.

Охридска ракометна рапсодија – „гладијаторите“ со голем чекор кон следното коло

Ојлески: Игравме борбено и машки – заслужено победивме, ќе се надигруваме и на реваншот