ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Три натпревари во ЛШ, еден домашен меч, Ристовска и Рапид на мегдан со ЧСМ!

Денеска со натпреварот меѓу Алборг и Сегед, односно Загреб и Барселона, ќе стартува новото, 5. коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре во Полска кај Висла Плоцк ќе ја бара првата победа во елитата.

На домашна сцена ќе има еден натпревар, тимот на Ѓорче Петров, кој ја заврши европската авантура, на свој терен ќе го пречека Шампион.

Овој заостанат натпревар е во рамките од 5. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Низ Европа свој настап ќе имаат дел од нашите интернационалци – Сара Ристовска (Рапид Букурешт), Виктор Гигов, Дарко Георгиевски (ПАОК), Сара Стефаноска, Јана Равојска (Јагодина) и Бојан Маџовски (Партизан).

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЧСМ – РАПИД (РОМАНИЈА)
17:00 ПАОК – ДРАМА (ГРЦИЈА)
17:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ЈАГОДИНА (СРБИЈА)
18:00 ЦЕЛЈЕ – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ЕСБЈЕРГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
18:45 АЛБОРГ – СЕГЕД (ЛШ)
18:45 ЗАГРЕБ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПАНЧЕВО – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:00 РУДАР – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)

20:45 МАГДЕБУРГ – НАНТ (ЛШ)