Тимот на Чаир од првиот шешир ќе ја чека ждрепката за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Поради високиот рејтинг скопскиот клуб ќе биде дел од првиот шешир, но и од вториот може да добие незгодни ривали од типот на шпанскиот Ваљадолид, чешката Славија Прага, шведскиот Кристијанштад…
Би било убаво да се избегнат и Х71 и Хаукар од Фарски Острови и Исланд, поради далечните патувања, а сличен е случајот и со двете португалски.
Одлична ждрепка би биле азербејџанскиот Гарабах, босанскиот Груде, Дуделанж од Луксембург, а сигурно во Чаир нема да бидат незадоволни и ако играат против некоја од турските екипи.
Првите натпревари од третото коло се на 9/10 ноември, додека реваншите ќе се одиграат на 16/17 ноември.
Ждрепката ќе се одржи утре, во Виена, со почеток во 16:00 часот.
Европски Куп, трето коло, ждрепка:
шешир 1
Далматинка (Хрватска)
Кинжварт (Чешка)
Порињо (Шпанија)
Малага (Шпанија)
ПАОК (Грција)
Јонијас (Грција)
алур (Исланд)
Салерно (Италија)
Чаир (Македонија)
Унирек (Холандија)
Гњиезно (Полска)
Мадеира (Португалија)
Железничар (Србија)
Јувента Михаловце (Словачка)
Гореле (Турција)
Галичанка Лвов (Украина)
шешир 2
Ацгерсдорф (Австрија)
Гарабах (Азербејџан)
Груде (Босна и Херцеговина)
Славија Прага (Чешка)
Ваљадолид (Шпанија)
Х71 (Фарски Острови)
Хаукар (Исланд)
Ериче (Италија)
Истогу (Косово)
Дуделанж (Луксембург)
Сао Педро (Португалија)
Колехио Де Гаиа (Португалија)
Јагодина (Србија)
Кристијанштад (Шведска)
Бурса (Турција)
Ускудар (Турција)