Еурофарм Пелистер 2 доминантно во Автокоманда, Jeхона ја освои Струмица

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат со максимален ефект во Првата лига, откако на гостувањето во Автокоманда кај Металург РА забележаа победа од 32:17 во натпревар од 4. коло од групата А.

Младите битолчани доминираа во двете полувремина, на пауза имаа предност од 16:6, не се опуштија ни за момент во вториот дел и речиси ги казнуваа сите грешки на домашниот тим, кој

Најефикасен во победничката екипа беше Стефан Дрогришки со осум погодоци, по шест постигнаа Петар Маркоски и Ненад Белистојановски. Во поразениот табор прво име беше Филип Петровски со шест погодоци, а останатите ракометари не покажаа добра игра.

Еурофарм Пелистер 2 во следното коло од прволигашката конкуренција за ривал го има Кичево, додека Металург РА ќе биде домаќин на Овче Поле.

Јехона славеше на гостувањето кај Астраион во Струмица со 35-32, откако и на полувремето водеше со 19-16. Струмичани се вратија на минус еден во вториот дел, 28-27, но немаа сили за комплетен камбек во натпреварот.

Мојсие асески со 12 и Ерлис Селмани со осум гола беа предводници на гостиварскиот тим кон триумфот кај Астраион, додека Христијан Ефтимов даде девет гола за домаќините.