Драма во Кавадарци: Узунчев е херојот – му донесе цел плен на Бутел!

Ракометарите на Бутел Скопје се израдуваа на нова победа во Супер лигата, откако го добија драматичниот натпревар во Кавадарци против Тиквеш со 24-23. Херој на гостите беше Димитар Узунчев, кој најпрво пресече топка во нападот на кавадарчани, а потоа и реализираше во празниот гол на Тиквеш за победа. Останаа уште десетина секунди за реми, но Даневски биеше во стативата на гостите и почна радоста на скопјани.

Обина тргна со две промашувања на стартот, а Бутел предводен од голманот Стојаноски тргна со водство од 4-2. Беше и 6-4 за гостите, но избраниците на Кристијан Грчевски, се вратија во егал.

Така беше во продолжение уште во два наврати, а очигледно беше дека гостите од Бутел ќе пружат голем отпор на овој меч. Имаше грешки и на двете страни, а во последните секунди од првиот меч Кофилоски донесе реми, 10-10.

Како заврши првиот, така почна и вториот дел, со одбрани на Стојаноски и со два гола во серија на Ѓоргиевски за 12-10. Но како одминуваше времето, така домашните го засилуваа темпото и ја преземаа контролата на теренот.

Арсиќ влезе во серија, Тиквеш првото водство го имаше во 43. минута со голот на Кривокапиќ, но потоа кавадарчани пропуштија две прилики за плус два, Бутел израмни, а беше казнета уште една нивна грешка, па момците на Горан Кузманоски одново стигнаа до водство, 17-16.

Лошата серија на Тиквеш продолжи, па Бутел искористи уште една прилика за плус два, 18-16. Беа исклучени по двајца играчи на двете страни, кавадарчани подобро се снајдоа во таа ситуација и израмнија преку Мијатовиќ.

Во продолжение се играше гол за гол и во последните пет минути се влезе со реми, 22-22. Мијатовиќ беше прецизен од пенал, следуваше уште една грешка на бутелци, но и домашните згрешија, па гостите имаа нов напад, а Кузманоски повика тајм-аут.

Ѓеоргиевски израмни набрзина и останаа уште четириесетина секунди за победнички гол на домашните. Згрешија, Узунчев пресече топка и погоди во празниот гол, а потоа Даневски во останатите неколку секунди се обиде но биеше во стативата на голот на Бутел.

За победничкиот состав шест гола даде Николов, пет пати реализираше Ѓеоргиевски, а четири гола постигна Димитар Узунчев, додека добар на голот беше Стојаноски. Во редовите на Тиквеш се истакна Срѓан Мијатовиќ со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД770014
2ОХРИД660012
3ВАРДАР 1961760112
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР650110
5БУТЕЛ74038
6ПРОЛЕТ72236
7ТИКВЕШ 201472145
8ПРИЛЕП72145
9КУМАНОВО72054
10СТРУГА61052
11БИСИНОВ Ф. Л.71062
12РАДОВИШ60060