Велешани по четврти пат загубија „двоцифрено“

Екипата на Бисинов ФЛ сезонава ќе се бори за опсатанок и поважно ќе биде добро да играат во директните дуели против ривалите од долниот дел на табелата. Затоа и не се надеваа на некое чудо на дуелот со третопласираниот тим од ланското првенство, кој двоцифрено 40-22 славеше во салата „Гемиџии“.

По четвртипат сезонава велешани загубија двоцифрено, од Еурофарм Пелистер, Пролет и од Охрид. Останува Бисинов ФЛ на делба на претпоследното место на табелата со ист број бодови како и Струга, а два повеќе од Радовиш.

Очекувано гостите уште вопрвиот дел ги решија сите дилеми, а „првиот тим“ на тимот од Автокоманда беше на терен, за да не му се дозволи на ривалот ниту да се приближи резултатски. Иван Галевски имаше 14 одбрани за гостите.

За велешани поважен ќе биде следниот меч гостувањето во Радовиш, па оваа средба повеќе им беше како силен тренинг каде треба да видат што успеале да сработат. Ако се гледа првиот дел, тогаш Бисинов ФЛ има многу што да поработи во својата игра.

Слаба одбрана, лош напад. Ниту еднаш не направија ниту пенал, имаа смао едно исклучување, многу технички грешки. Тоа гостите од Автокоманда знаеја да го казнат. Се држеа домашните до резултат 8-11. А потоа примија седум гола и на полувреме имаа негатва од 9-19. Тоа беше знак дека веќе тогаш се решено, и дека продолжението ќе биде само формалност.

Ама тешко одеше промената во играта на Бисинов ФЛ, а во 47 минута првпат имаа негатива од „минус 11“ гола. Ниту минутата одмор не донесе поинаква игра, зошто гостите поведоа со 29-17. Сите го чекаат само крајот на натпреварот, и прашање беше само висината на разликата.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД770014
2ОХРИД660012
3ВАРДАР 1961760112
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР650110
5БУТЕЛ74038
6ПРОЛЕТ72236
7ТИКВЕШ 201472145
8ПРИЛЕП72145
9КУМАНОВО72054
10СТРУГА61052
11БИСИНОВ Ф. Л.71062
12РАДОВИШ60060