Ракометарките на Пелистер се израдуваа на третата победа во Женската лига, откако на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа триумфираа со 31:15.
Веќе при предност од 8:2 за избраничките на Корлевски, јасно беше дека домаќинките ќе имаат тешка задача да парираат.
Битолчанки на пауза имаа предност од 19:8 и според посакуваното ги одработија вторите 30 минути.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Наталија Дишковска со седум погодоци, а ја следеше Јована Конева со четири реализации.
Во поразениот табор најефикасни со по пет погодоци беа Благица Ступар и Елена Димова.