Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска има нова задача во Лигата на шампионите, а во Битола гостува Спортинг Лисабон.
Чуварот на мрежата Никола Митревски, можеби најдобро го познава ривалот, откако мина долго време во Порто и бранеше на многу натпревари против Спортинг.
„Спортинг ја гради екипата веќе неколку години и после четири сезони успеаја да се пласираат во Лигата на шампиони. Покажаа дека имаат квалитет овие неколку натпревари во елитната конкуренција, а исто така и во домашното првенство. Играат многу добро, па ќе биде еден тежок натпревар за нас. Ние ќе пробаме како и на секој натпревар, така и овој да го добиеме. Се спремаме веќе неколку дена за нив и се надеваме на полна сала, поддршка од публиката и добар натпревар“, изјави Митревски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон се игра денеска во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.