Тројна евро-програма за Марјан Начевски

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за претстојните натпревари во Лигата на Европа и во Европскиот Куп.

Македонскиот делегат Марјан Начевски ќе има тројна европска програма во следните две недели на просторите на поранешна Југославија.

Денеска Начевски ќе биде делегат на балканското дерби во Лигата на Европа меѓу Нексе и Војводина што ќе се игра во Нашице од 20:45 часот.

На 19 и 20 октомври, тој ќе биде делегат на два босанско-словенечки двобои од Европскиот Куп.

Најпрво, на 19 октомври се игра дуелот меѓу Грачаница и Целје, додека на 20 октомври, Македонецот ќе биде делегат на натпреварот меѓу Борац Бања Лука и Јерусалем Ормож.