Екипата на Вјоса, во која настапуваат неколку македонски интернационалци, го доживеа првиот пораз во најквалитетното натпреварување на Косово.
Вјоса во натпревар од 4. коло за ривал го имаше незгодниот Љапи и несреќно загуби со само еден гол разлика, 36:35.
Најефикасен во редовите на Вјоса беше средниот бек Стефан Кочаров, кој зад своето има запиша девет погодоци, а имаше и „безброј“ асистенции.
Десниот бек Синиша Павлов имаше четири успешни реализации, додека левото крило Филип Димевски двапати се запиша во листата на срелците.
Следен предизвик за Вјоса ќе биде натпреварот против најтрофејниот косовски клуб – Беса Фамгас.