Ракометарите на Вардар утре го започнуваат настапот во групната фаза од Лигата на Евопа, а во Скопје ќе гостува исландскиот Валур.
Кружниот напаѓач Милан Лазаревски вели дека групата е поволна и дека Вардар е во одлична позиција со победнички старт во ЛЕ да ги израдува навивачите.
„По две години пауза повторно сме присутни на европска сцена. Поволна е групата, а овој прв натпревар ќе има големо значење за нас со противник по мерка. Валур е брза екипа, транзицијата во игра им е главно оружје, но сметам дека ние сме фаворити и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме новата сезона и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Лазаревски.
Натпреварот меѓу Вардар и Валур се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.