Бутел Скопје го надигра Прилеп

Ракометарите на Бутел Скопје во натпревар од 6. коло од Супер лигата запишаа два важни бода, откако на свој терен славеа над незгодниот Прилеп со 25:18. Голем хендикеп за Прилеп беше отсуството на Владан Кастратовиќ и Никола Јеремиќ. Денешниот натпревар беше исполнет со многу пресврти, изедначувања, голема борба, но и атрактивни одбрани на голманите.

Иако домаќините отворија според посакуваното, поведоа со 2:0, гостите од Прилеп до крајот на првото полувреме имаа контрола на резултат. Во 15 минута предноста на избраниците на Божидар Мојсов беше 7:5, a голема заслуга за овие ,,плус два” имаше младиот голман Михаил Ангелески, кој на домашниот тим во првите 30 минути им одбрани три седмерци. Црвен картон во 16 минута заработи членот на Бутел, Филип Николов, поради удар во лицето на голманот Ангелески.

Бутел во еден момент имаше двајца исклучени ракометари, но Прилеп не ја искористи дадената ситуација за плус три, па така составот на Кузманоски нааи на 6:7 во 20 минута, а минута подоцна имаше шанса за камбек, но Ангелески му одбрани пенал на Димитар Узунчев. Домашниот тим се консолидира во последните осум минути и направи целосен пресврт.

Прилеп во периодот од 20, па до крајот на полувремето беше без реализација. По предноста на гостинскиот табор од 8:6, домаќините направија серија од 5:0 и на полувреме заминаа на пауза со плус три, 11:8.

Гостите за две-три минути игра во вториот дел стигнаа до 11:11, но домаќините возвратија со иста мера, со три гола во низа се одлепија на максималната разлика од првиот дел, поведоа со 14:11 во 35 минута. Гостинскиот тим откако заостануваше на 1-2 гола, израмни на 16:16 во 45 минута и тука целосно застана, бидејќи до крајот постигна само два, а прими дури шест гола.

Најефикасни во домашниот табор беа Дејан Михајловиќ и екс членот на Прилеп, Христијан Милошески, двајцата постигнаа по четири погодоци. Во моментите кога Бутел фаќаше залет кон победа, одличен на голот беше Бојан Блажески.

Во поразениот табор Томислав Квастек и Божидар Илиески со по пет погодоци беа предводници во листата на стрелци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101