Новиот суперлигаш Бисинов по победата кај Струга во првото коло, нанижа пет порази во Супер лигата.
Левиот бек Тоше Ончев вели дека главната цел на клубот е опстанок, и дека не може да се бараат бодови со силните екипи како Охрид, Вардар, Еурофарм Пелистер, туку против ривалите со сличен квалитет како велешани.
„Охрид е поквалитетен во секоја смисла, нашата екипа е млада, неискусна, имаме само пет-шест играчи што играле во Супер лига во минатото, другите се помлади што првпат искусуваат што значи да се игра во ваква конкуренција. Резултатот е на страната на Охрид, кој има подолг ростер, се боревме до крај, но тоа е тоа. Нашата цел е опстанок во Супер лигата. Не бараме бодови со екипи како Вардар, Еурофарм Пелистер или Охрид, туку на натпреварите со рамноправни ривали на нас“, изјави Ончев.
Следен предизвик за велешкиот тим ќе биде домашниот дуел со „сино-белите“ од Автокоманда.