„Охрид-Експрес“ не запира – на редот минаа и велешани

Амбициозниот состав на Охрид ја запиша и шестата победа во новата суперлигашка сезона, откако славеше против Бисинов од Велес со убедливи 35-18. Ова е шести триумф во шест меча за „гладијаторите“ кои допрва ќе имаат предизвици и ќе играат против Вардар и Еурофарм Пелистер.

Победникот на мечот со новиот суперлигаш се знаеше уште по десетина минути кога избраниците на Стевче Алушовски поведоа со 8-1 и натаму се беше само рутински одработена задача, односно посилен тренинг.

До паузата домашните ракометари обезбедија залиха од плус 12, а велешани немаа сили да му парираат на расположениот ривал. Алушовски ги ротираше ракометарите, а поголема минутажа добија Ристески, Шипинкоски и Костов.

Во вториот дел немаше никакви возбудувања на теренот, а непозната беше само разликата со која охриѓани ќе се израдуваат на шестиот триумф во серија. Oхридските „деца“ беа најдобри стрелци на теренот – Костов даде седум гола, Шипинкоски даде шест, додека Ристески имаше пет реализации. Во составот на Бисинов искусниот Илиев погоди шест пати.

Следен предизвик за Охрид ќе биде натпреварот со шампионот Еурофарм Пелистер во Битола, додека Бисинов на домашен терен ќе се соочи со „сино-белите“ од Автокоманда, кои немаат загубено бод досега.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186