Ракометарите на Веспрем го освоија трофејот на Светското клупско првенство во Каиро, откако триумфираа над Магдебург по продолженијата со 34:33.
Регуларниот дел од годинешното финале заврши без победник, 28:28, а во дополнителните десет минути бундеслигашот не успеа да дојде до четврт трофеј во низа.
Веспрем со освоеното прво место си освои и 350.000 долари, додека тимот на Магдебург утешни 100.00 долари.
Третото место му припадна на Ал Ахли, кој во малото финале славеше над каталонскиот гигант Барселона со 32:29.
Барселона која има најголем број трофеи на Светското клупско првенство, вкупно пет, мораше да се задоволи со 4. позиција.
Ракометарите на Ал Ахли за освоеното трето место ќе бидат парично наградени со 50.000 долари.