ФОТО: EHF

ЕХФ одлучи – Ф4 во ЛЕ повторно во Хамбург

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи Ф4 турнирот во Лигата на Европа во машка конкуренција повторно да биде во Хамбург.

Ваквата одлука е донесена поради успешната организација на ланскиот Ф4, во кој титулата во „Хамбург Барклејс Арена“ ја освои екипата на Фленсбург, кој беше подобар од Фуксе Берлин со 36:31.

Билетите за Ф4 во Лигата на Европа ќе бидат пуштени во продажба во вторник, односно на 8 октомври.

Сите билети ќе важат за полуфиналето на 24 мај и финалните натпревари на 25 мај и ќе бидат достапни во четири категории, а најефтините ќе се продаваат по цена од 70 евра.

Претставник на Македонија во второто по ранг европско клупско натпреварување е Вардар.

Македонскиот вицепрвак европската авантура ќе ја стартува со натпревар пред својата публика, а прв ривал на „црвено-црните“ ќе биде исландскиот Валур.