ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Езерско дерби, Вардар оди кај Бутел, шампионот ќе лечи рани со Пролет

Денеска со натпреварот меѓу Струга и Охрид ќе започне петтото вонредно коло во суперлигашката конкуренција.

Охрид, кој моментално има максимален ефект, односно „четири од четири“, е фаворит против младиот тим на Струга.

Натпреварот меѓу Бисинов и Куманово, екипи кои на четири одиграни натпеевари успеаја да освојат два бода, се очекува да биде возбудлив, со оглед на израмнетиот квалитет на двата табора.

Вардарци одат на гостување кај Бутел Скопје, кој може да биде незгоден ривал, додека сметката за поразот во вечното дерби се очекува да ја плати Пролет, кој оди на гости кај шампионот Еурофарм Пелистер.

Прилеп пред својата публика ќе го пречека Радовиш и ќе се обиде да дојде до втор сезонски триумф. Повратникот во елитата во досегашниот тек од сезоната е без бодови.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 СТРУГА – ОХРИД
18:00 БИСИНОВ – КУМАНОВО
18:00 БУТЕЛ – ВАРДАР
18:00 ЕУРОАРМ ПЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
19:30 ПРИЛЕП – РАДОВИШ